Фановите се враќаат во Ливерпул и Лондон, но не и во Манчестер, еве на кои стадиони ќе има навивачи (ФОТО)

by
1 минути читање

Владата во Англија донесе одлука од 2 декември публиката полека да се враќа на стадионите. Во зависност од бројот на позитивни случаи на ковид 19, направена е поделба на три нивоа.

Ако стадионите спаѓаат во првото ниво ќе можат да примат 4.000 гледачи на меч, во второто ниво 2.000, и во третото односно онаму каде што е најголем бројот на случаи на коронавирус, се уште нема да биде дозволено гледачи на стадионот.

Во моментов ниту еден клуб не се наоѓа во област од првото ниво. Десет клубови ќе може да примат по 2.000 гледачи, а десет ќе почекаат некои подобри времиња за да ги примат првите навивачи.

Од големите градови во региони од второто ниво се наоѓаат Лондон и Ливерпул, Манчестер и Бирмингем се во третото ниво, па тамошните клубови нема да моожат да имаат фанови на стадионите.

Од 2 декември по 2.000 фанови ќе можат да примат: Ливерпул, Евертон, Арсенал, Челси, Тотнем, Фулам, Вест Хем, Кристал Палас, Брајтон и Саутемптон.

А фанови ќе немаат: Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Лестер, Астон Вила, ВБА, Лидс, Барнли, Вулвс, Њукасл и Шефилд јунајтед. Овие клубови ќе чекаат нова одлука од Владата кога ќе се намали процентот на заразени од ковид-19 во нивните региони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×