Со гол од пенал на Азар и погодок на Родриго, Реал Мадрид со 2-0 го победи Интер кој остана и со фудбалер помалку поради црвениот картон на Видал.
„Ова беше важен меч, бевме добро подготвени. Знаевме дека е биде тешко, но одигравме со карактер и имавме вистинскиот приод кон натпреварот“, изјави Зидан.
„Среќен сум за фудбалерите бидејќи тие често се критикувани кога перформансите не се одлични. Не можете секогаш да победувате во фудбалот, важно е секогаш да го давате максимумот кога ќе излезете на терен, тоа го направивме вечерва“.
„Сакаме секогаш да играме убав фудбал и да победуваме, но тоа не е возможно. Минатата недела 75 минути игравме добро и тогаш примивме гол, луѓето тоа го нарекоа катастрофа. Не функционира така фудбалот“.
„Жал ми е за Интер, тие играа добро во првиот натпревар, но тоа е фудбал“.