1,K
Претседателот на
Наполи, Аурелио Де Лаурентис потврди дека стадионот на италијанскиот прволигаш
би можел да биде преименет по смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона,
бивш член на тој клуб кој денеска почина по срцев напад.
„Би сакал да го
проектираме лицето на Марадона во стадионот во текот на целиот натпревар утре“
изјави Де Лаурентис.
„Веројатно
најдобрата идеја во моментов е да се преименува стадионот во „Сан Паоло –
Марадона“, тоа е нешто за што би можеле да размислиме“ додаде тој.