Меси се огласи по смртта на Марадона: Нè напушти но не замина, Диего е вечен (ФОТО)

by
0 минути читање

Веста за смртта
на Диего Марадона ја потресе Аргентина и светот на фудбалот, пораки стигнуваат
од сите страни. На социјалните мрежи сега се огласи и Лео Меси, според
многумина, тој требаше да биде наследник на Диего Марадона и да ги донесе
„гаучосите“ до нов триумф на светските првенства.

„Ова е многу
тажен ден за Аргентинците и фудбалот. Тој нè напушти нас, но не замина, бидејќи
Диего е вечен. Ги чувам сите убави спомени со него и сакам да ја искористам
оваа прилика да испратам сочувство до неговото семејство и пријателите. Почивај
во мир“
– напиша фудбалерот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×