Од која планета пристигна? Коментаторот во неверица кога Марадона го постигна голот на векот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Против Англија на
мундијалот во 1986, Диего Марадона ги имаше двете страни на својата кариера,
контроверзија и чиста фудбалска генијалност.

Напаѓачот ја
донесе Аргентина во водство играјќи со рака, голот подоцна беше наречен „Божјата
рака“.

За вториот
погодок, Диего Марадона направи дар-мар во редовите на противникот, тргна од
својата половина, издрбила повеќе фудбалери и ја смести топката во мрежата,
погодокот беше прогласен за „Гол на векот“.

Коментаторот не
можеше да поверува што направи Диего Марадона, па откако се извини што мора да заплаче,
праша: „Од која планета пристигна?“

Можно е и ова да ти се допаѓа

×