Халанд со два гола до нов рекорд во Лигата на шампиони, никој во историјата како „Златното момче“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Уривањето рекорди му станува навика на Ерлинг Халанд, младиот напаѓач вечерва испиша нова историја во Лигата на шампиони

Кога во 18. минута го совлада Мињоле, Норвежанецот стана играчот кој најбрзо успеал да постигне 15 погодока, му беа потребни 12 натпревари. Рекордот претходно го држеа Руд ван Нистелрој и Роберто Солдадо, кои стигнаа до бројката од 15 гола на 19 натпревари.

Ерлинг Халанд потоа постигна уште еден гол и покажа дека и повеќе од заслужено ја доби наградата „Златно момче“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×