Вернер се посрамоти на мечот со Рен (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Франк Лампард гостуваат кај Рен во четвртото коло од групите во Лигата на
шампионите, а како што стојат работите, со Севиља ќе водат битка до крајот на
оваа фаза за првото место во конкуренцијата „Е“.

Челси прв поведе
против Рен со голот на Хадсон-Одои во 22. минута, а Премиерлигашот можеше тоа
да го стори и порано од тој период, доколку Тимо Вернер беше поприсебен во
големата шанса.

Се играше
четвртата минута од пресметката кога Германецот доби употреблива топка и во
ситуација еден на еден со голманот на францускиот прволигаш упати удар далеку
над голот со што запиша едно огромно промашување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×