Пеп Гвардиола
смета дека англиските екипи секогаш се во една доста неповолна положба во
европските натпреварувања, но тврди дека и натаму остануваат на ставот дека
Манчестер Сити може да го достигне врвот во Лигата на шампионите, дури и со
еден таков турбулентен распоред како и секоја сезона.
„Ова се случува
секоја сезона, не е само оваа поради ковид-19 на која мораме да се адаптираме“ рече Гвардиола.
„Дури и кога
сезоната тече во нормални околности, нема паузи во зимскиот период, а има
повеќе натпревари, тоа е атрактивно, предизвикот е тој, никој претходно не
направил одредени промени по ова прашање, но ние се носиме со овој предизвик,
постојано си велиме дека можеме“ додаде тој.
Манчестер Сити
може да се избори за место во нокаут фазата во Лигата на шампионите доколку
утревечер успее да слави над Олимпијакос, а во однос на распоредот на
натпревари на Островот, гласот претходно го кренаа и предводниците на Ливерпул
и Манчестер јунајтед, Јирген Клоп, односно Оле Гунар Солшер.