Евертон е на потег по оваа изјава на таткото на Иско

by
1 минути читање

Се уште нема официјална
понуда за фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, меѓутоа големи се
очекувањата плејмејкерот да си замине од „Кралскиот клуб“ уште во јануарскиот
преоден рок.

Барем последната
изјава на неговиот татко наговестуваат таков исход, а медиумите веќе објавија
дека шефот на стручниот штаб на Евертон, Карло Анчелоти го ставил како
приоритет на листата на желби.

До овој момент
немаме добиено официјална понуда, меѓутоа тој дефинитивно посакува нов
предизвик, ново првенство
“ изјави таткото на Иско, Пако Аларкон со што ги
потврди шпекулациите дека плејмејкерот сака да си замине од Реал Мадрид.

Манчестер Сити и Јувентус
истовремено се поврзуваат со 28 годишниот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×