Ставрев ќе ја дели правдата на значајна пресметка во Лига Европа

by
1 минути читање

По мечот помеѓу
Лил и Селтик кој заврши без победник, односно со резултат 2-2, Александар
Ставрев ќе биде главен делител на правдата и на уште еден меч од групната фаза
од Лига Европа сезонава.

Станува збор за
мечот помеѓу АЗ Алкмар и Реал Сосиедад, во рамките на четвртото коло од групата
„Ф“, меч од големо значење за обете екипи пред финалното коло, односно меч кој
може многу да реши со оглед на моменталната ситуација.

Во оваа
конкуренција Наполи е прв на табелата со шест освоени бода, исто колку и АЗ
Алкмар и Реал Сосиедад, а Ријека е последна без ниту еден освоен бод засега, па
јасно е дека обете екипи со победа ќе направат значаен исчекор кон нокаут
фазата од ова натпреварување.

Дејан Костадинов
и Гоце Петрески ќе му помагаат на Ставрев на таа пресметка, а четврти судија ќе
биде Константин Влахо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×