185
Вечерва Јувентус го пречекува Ференцварош во натпревар од Лигата на шампионите.
Дибала кој се мачеше и со повреди, има само седум мечеви во сите натпреварувања оваа сезона, а три од нив ги почна од првата минута и тоа кога Роналдо беше отсутен.
Според „Скај Спорт Италија“, Дибала вечерва ќе добие шанса од првата минута наместо Мората, Аргентинецот ќе му биде партнер на Роналдо во нападот.
Јувентус уште вечерва може да го завери пласманот во Лигата на шампионите доколку тие го побдат Ференцварош, а Динамо Киев не направи изненадување и не ја совлада Барселона.
По три одиграни кола, Барселона има девет бода, Јуве шест, Динамо Киев и Ференцварош по еден.