Турчинот ја
одработува последната година од договорот со Милан и подолго време прегова за
продолжување на соработката.
Се шпекулира дека
Хакан Чалханоглу бара 6 милиони евра, речиси три пати повеќе од она што го заработува
во моментов (околу 2,5 милиони евра) за да остане верен.
Со оглед на тоа
дека разговорите со „росонерите“ тапкаат во место, неговиот агент го понудил на
неколку клубови како Јувентус, Манчестер јунајтед и Интер.
Денеска
фудбалерот на социјалните мрежи сподели фотографија со својот сонародник од
Јувентус, Мерих Демирал па веднаш се разгореа шпекулациите за негов трансфер на
„Алианц“ во Торино.
Demiral ha ricevuto la visita del suo compagno di nazionale Calhanoglu pic.twitter.com/tSJroDNE7L
— Benedetta Demichelis (@Bennid22) November 23, 2020