Пандев: Голот против Грузија ми е најдраг во кариерата

by
1 минути читање

Горан Пандев кариерата ќе ја заврши како што сонувал, со настап на Македонија на Европско првенство.

Тој има постигнато голови против многу големи екипи, но најдраг во кариерата му е оној против Грузија кој ја однесе Македонија на Европското првенство.

„Тоа ми е најдрагиот гол, поради тоа што конечно се пласиравме на едно големо натпреварување. За 20 години во репрезентацијата се случуваа лоши моменти и проблеми. Во еден момент и престанав да играм за Македонија. Кога Ангеловски стана селектор, дојде кај мене во Џенова. Зборувавме и ми го кажа негото мислење за репрезентацијата по што се вратив“, вели Пандев во интервјуто за Ал Џезира.

Пандев се надева дека и на Европското првенство ќе се претставиме во добро издание.

„Во нашата група се Холандија, Украина и Австрија. Тие се посилни, но кога играш растеретено и немаш што да изгубиш, можен да направиш многу повеќе. Се надеваме дека ќе земеме некој бод и ќе бидеме во што е можно подобра позиција во групата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×