Атлетико и понудил спектакуларна трампа на Барса, тројца играчи за Антоан Гризман

by
1 минути читање

Антоан Гризман летото
во 2019 се пресели во Барселона, но никако да се прикаже во право светло во
дресот на „каталонците“. Често има шпекулации дека не е во најдобар однос со
првата ѕвезда Лео Меси, наводно Аргентинецот не го сака Французинот и му прави опструкции.

Според „Карусел
Депортиво“, Атлетико Мадрид пред почетокот на сезоната сакал да ја искористи
ваквата ситуација и да го врати Антоан Гризман во своите редови.

„Колчонероси“ и
понудиле спектакуларна трампа на Барса, на маса ги ставиле Алваро Мората
,
Томас Лемар и Мaрио Ермосо во замена
за напаѓачот.

„Каталонците“
сепак не го прифатиле предлогот, Жозеп Мариа Бартомеу порачал дека Антоан
Гризман не е на продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×