Марота потврди дека Ериксен побарал да си замине од Интер

by
1 минути читање

Кристијан Ериксен
побарал да си замине од Интер, а Данецот би можел да биде продаден од
италијанскиот прволигаш уште во јануарскиот преоден рок, откако спортскиот
директор на „Нероаѕурите“, Џузепе Марота потврди за барањето на плејмејкерот.

Данецот му се
приклучи на Интер по трансферот од Тотнем во јануари годинава, меѓутоа не успеа
да се адаптира во дресот на тимот од Милано, постигнувајќи само четири погодоци
во 33 натпревари.

Шпекулациите низ
медиумите изминатиов период излегоа како точки, Ериксен побарал од клубот
трансфер, за што потврди и Марота.

Ние едноставно
не можеме да задржиме фудбалер во тимот кој во моментов бара да биде продаден

изјави спортскиот директор на Интер во однос на ситуацијата со 28 годишниот
Данец.

Ќе ја разгледаме
добро целата оваа ситуација, ќе донесеме исправна одлука, во моментов Ериксен е
на располагање на Конте кој има можност да го користи на начин на кој што му
одговара на клубот
“ додаде Марота.

Дали има некои
понуди? До овој момент не, треба да пристигнуваат, доколку тоа се промени
секако ќе издејствуваме правилно
“ заклучи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×