Паратичи ги демантира шпекулациите за Роналдо: Неговата иднина е со нас, можам да ви потврдам за ова

by
1 минути читање

Спортскиот
директор на италијанскиот првак Јувентус, Фабио Паратичи ги демантираше
шпекулациите дека неизвесна е иднината на Кристијано Роналдо во тој клуб, како
и тоа дека Португалецот би можел да биде продаден идното лето.

Постоеа одредени
информации низ медиумите дека Јувентус ја разгледува опцијата да го продаде
Португалецот идното лето, а се појавија дури и информации дека Роналдо
воспоставил контакти околу можно враќање во својот поранешен клуб.

Неговата иднина
е со нас, можам да ви потврдам за ова
“ рече Паратичи.

Трансфер
шпекулации постојат секојдневно, а фудбалерите постојано се поврзуваат со
различни клубови, меѓутоа ние не обрнуваме многу внимание на тие работи
“ додаде
спортскиот директор на „Старата дама“.

Роналдо постигна
осум погодоци во пет натпревари во новата сезона од Серија А досега, од
неговиот трансфер во 2018. година, освои две Скудета со Јувентус, како и
Суперкупот во тоа првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×