170
Мајорка одигра
без голови на домашен терен против Спортин Хихон денеска во рамките на 13. коло
од шпанската втора дивизија, а македонскиот репрезентативец Александар
Трајковски имаше еден доста несреќен момент.
Трајковски во
игра на мечот влезе во 90. минута, а излезе по само три минути, и тоа поради
повреда, за што барем засега нема детални информации дали е од посериозен
карактер.
Ова беа први
минути на Трајковски во дресот на Мајорка по три меча каде не доби прилика за
настап, последниот настап го запиша во победата против Мајорка од 3-1, каде
одигра пет минути.