Белгискиот
напаѓач од редовите на Интер, Ромелу Лукаку вели дека „Нероаѕурите“ се уште
немаат голем тим, а објасни и која причина стои зад начинот на прославата со
својот партнер во нападот, Лаутаро Мартинез.
Интер губеше со
0-2 од Торино на домашен терен денеска, меѓутоа составот на Антонио Конте на
крајот славеше со 4-2, а триото Санчез-Лукаку-Мартинез проработи на одличен
начин, откако Санчез постигна еден, а Лукаку и Мартинез по два гола.
„Да бидам искрен,
ние се уште не сме голем тим“ истакна Лукаку по мечот со Торино.
„Не беше добар
периодот кога губевме со 0-2, игравме без некоја посебна волја за победа, без
инспирација, лутина… Се разбудивме доцна, а најважното во моментов е што ги
освоивме трите бода“ додаде Белгиецот, а потоа објасни зошто прослави како да
пука со оружје, а тоа го стори заедно со Лаутаро.
„Лаутаро сака да
почне да игра Кол оф Дјути (Call of Duty) со
мене и Хакими, ние сме почетници, оваа седмица му подарив Плејстејшн5 за да
може да почне да игра со нас“ објасни Лукаку.