Алиоски изнуди црвен картон, Пепе го удри Македонецот во лице (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Нашиот
репрезентативец Езгјан Алиоски се најде во почетниот состав на Лидс за денешната
пресметка со Арсенал на домашен терен во рамките на 9. коло од Премиерлигата, а
Македонецот изнуди исклучување за гостите.

Во 52. минута Николас
Пепе и нашиот интернационалец имаа не баш пријатна конверзација, по што
ѕвездата на Арсенал со глава го удри во лице Алиоски, по што интервенираа од
ВАР собата за што главниот арбитар Ентони Тејлор ја прегледуваше снимката, а
неговата конечна одлука беше директен црвен картон за Пепе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×