179
Торино имаше два
гола предност по еден час игра на „Џузепе Меаца“, но Интер до крајот направи
голем кам-бек и славеше со 4-2. Во финишот на првиот дел, Ѕаѕа прецизно
пласираше од работ на шеснаесетникот за 0-1, а Ансалди од пенал во 62. минута
зголеми на 0-2.
Сепак, само две минути
подоцна Алексис Санчез намали на 1-2, а во 67. минута, Лукаку изедначи на 2-2.
Лукаку во 84. минута
од пенал го донесе Интер во предност од 3-2 а во 90. минута, Мартинез ги реши сите
дилеми и ги постави конечните 4-2.
Рома без Един
Џеко лесно се справи со Парма и славеше со 3-0. Болоња со 1-2 победи на гостувањето
кај Сампдорија, а гостинска победа од 0-2 извојува и Сасуоло против Верона.