164
Актуелниот
бранител на титулата во Шпанија, Реал Мадрид ремизираше на гостувањето кај
Виљареал во рамките на 10 коло од Примера, иако фаворитот прв поведе.
Мариано уште во
втората минута од мечот ги доведе во водство избраниците на Зинедин Зидан,
меѓутоа гостите не успеаа истото да го сочуваат до крајот, па Морено од пенал
израмни на 1-1 во 76 минута, а со тоа ги постави и конечните 1-1.
На табелата лидер
е Реал Сосиедад со 20 бода, по него следат Виљареал со 19, Атлетико Мадрид и
Реал Мадрид со по 17 како дел од водечката четворка.
Вечерва со
почеток од 21 часот се игра дербито на колото во Примера помеѓу Атлетико Мадрид
и Барселона.