Заразата на Доерти со ковид-19 го налути Мурињо: Се сомневам дека сите го почитуваат протоколот

by
1 минути читање

Сигурно дека
отсуството на Мет Доерти ќе влијае до одредена мера во играта на Тотнем во
дербито со Манчестер Сити денеска, а Жозе Мурињо сугестира на тоа дека Ирците
не го следеле предвидениот протокол за заштита на своите фудбалери откако Мет
Доерти се врати заразен со ковид-19 од интернационалната пауза.

Се сомневам во
тоа дека сите го почитуваат предвидениот протокол на начин каде фудбалерите се
заштитени, имам сомневање во сево ова
“ изјави Португалецот.

Навистина е
тешко за мене да разберам дека фудбалер, по натпревар, во иста вечер од
натпревар, имал позитивен резултат
“ додаде тој.

Зошто по мечот?
Зошто не пред мечот? Тоа е едноставно прашање, веројатно едноставно, но јас
лично го немам одговорот, инаку Мет е одлично, секако дека е во изолација, дури
и одделен од своето семејство, сопругата, и неговите две деца
“ заклучи Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×