Манчестер јунајтед жртва на голем сајбер напад, хакерите влегле во клупските системи

by
1 минути читање

Медиумите на
Островот известија дека дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и ВБА кој е предвиден
да се одигра вечерва во рамките на 9 коло од Премиерлигата е под знак прашалник
поради големиот хакерски напад во системот на клубот од „Олд трафорд“, меѓутоа
ништо од тие шпекулации, па така натпреварот ќе се одигра според предвидениот
термин.

Во
четвртокот се случил голем хакерски напад во ИТ системот на Манчестер јунајтед,
а ИТ експерти со крајни напори успеале да спречат нападот да помине успешно,
бидејќи, како што велат од клубот, хакерите не успеале да извлечат документи од
големо значење.

Како што пишуваат
тамошните медиуми, се вели дека хакерите иако го надмудриле одбранбениот систем
на Манчестер јунајтед и почнале „потрага“ за сензитивни информации на клубот,
за што од таму потврдија дека станувало збор за „софистицирана операција“, но
на крајот ништо посебно не се случило.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×