Иско решил дека е
време да стави крај на авантурата во Реал Мадрид, преку својот татко и агент,
Шпанецот го известил раководството на клубот дека сака да замине и тоа по
можност уште во јануари.
Фудбалерот
разговарал и со Зинедин Зидан, стратегот не се oбидел да го разубеди да
остане, Зизу ја разбира неговата желба за поголема минутажа и нема да му стои на патот.
Па „кралевите“ ќе
му ја исполнат желбата и ќе дадат зелено светло за трансфер доколку добијат
добра понуда.
Но доколку се
точни написите на АС, тешко дека ќе најдат купец. Весникот пишува дека Реал
Мадрид бара 60-70 милиони евра за услугите на Иско. Во моментов фудбалот е
силно погоден од коронавирус кризата, па тешко дека некој ќе одвои толкава
сума.
Според
специјализираниот портал Трансфермаркт, вредноста на Иско во моментов е 30
милиони евра.