Шпанецот оваа недела стави крај на сите дилеми и ја продолжи верноста кон „граѓаните“ до 2023 година.
На денешната прес конференција, тој ја образложи својата одлука и вели дека една од причините зошто решил да остане е начинот на кој Манчестер Сити се справил со коронавирус кризата.
Многу клубови мораа да направат кратење на персоналот но на „Етихад“ никој не ја изгубил работата.
„Ме радува тоа што ќе продолжам тука. Го обновив договорот поради неколку причини. Имав неколку разговори со Калдон (првиот човек на клубот) за составот, за клбот“ – вели Пеп Гвардиола.
„Ми се допадна и начинот на кој се справија со коронавирус кризата. Не беше избркан ниту еден вработен, сите си ги зачуваа работните позиции, дури им беше исплатен бонус на работниците“.
„Ова ми покажа колку навистина добар клуб е Манчестер Сити и решив да останам уште неколку години“.