Мурињо се сомнева дека Стерлинг бил повреден, ситуацијата ја спореди со онаа на Даер

by
1 минути читање

Стерлинг поради повреда ги пропушти мечевите на англиската репрезентација, но Пеп Гвардиола рече дека тој тренира и ќе биде во комбинација за мечот со Тотнем.

Мурињо смета дека Стерлинг не ни бил повреден штом може веднаш да игра за Манчестер Сити.

„Сите знаеме дека Стерлинг ќе игра утре. Кога Ерик Даер ја напушти репрезентацијата поради повреда минатиот месец, тој не играше два меча за Тотнем, не играше во Премиерлигата и Лига Европа“, вели Мурињо.

„Му беа потребни неколку недели да се опорави, а Рахим ќе игра утре. Тие се мали детали кои мислам дека Саутгејт треба да ни ги објасни“.

Минатата сезона во февруари, Тотнем го победи Манчестер Сити, Мурињо смета дека сега и двата тима се подобри од тогаш.

„Ние сме подобар тим отколку лани, но и Манчестер Сити се подобри. Тие можеби тогаш знаеа дека нема да бидат шампиони. Сега се борат за титулата и со три бода можат да се искачат во топ четири-пет на табелата“.

„Ние сме подобар тим сега, имаме самодоверба, поразличен идентитет од лани. Имаме повеќе опции во составот. Во подобра позиција сме од Сити на табелата, но јасно е дека тие сакаат да бидат шампиони. Ние сакаме да го добиеме следниот меч, да победиме утре“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×