Абијати: Милан и Наполи можат до Скудетото

by
1 минути читање

Претстојниов викенд
на програмата се натпреварите од осмото коло во италијанската Серија А, а
дербито на колото се игра во недела во вечерниот термин од 20,45 часот помеѓу
Наполи и засега водечкиот на табелата, Милан.

Кристијан
Абијати, поранешниот голман на „Росонерите“ смета дека Милан и Наполи можат да
се борат за Скудетото до последен миг оваа сезона, инаку обете екипи се на само
три бода разлика во моментов.

Би кажал дека
двете екипи можат да се борат до крајот за првото место на табелата
“ изјави 43
годишниот Абијати.

Ова ќе биде
навистина интересна сезона, неизвесна, со четири до пет кандидати за титулата,
а Милан и Наполи се меѓу тие екипи, но, дури и да победи Милан на претстојното
дерби заборавете го зборот Скудето засега, многу е рано
“ додаде тој алудирајќи
на големата неизвесност сезонава која тој ја очекува во битката за титулата во
Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×