Фудбалерот од
средниот ред на Интер, Кристијан Ериксен вели дека неговата Данска може многу
да научи од Белгија, по разочарувачкиот пораз со 4-2 на пресметката на гости во
Левен во рамките на Лигата на нации.
Белгија заврши на
првото место во групата „2“ од дивизијата „А“, со 15 бода, односно пет победи и
еден пораз на гости кај Англија, која заедно со Данска завршија на делба на
второто место со по 10 освоени бода.
„Ние можеме да
научиме многу од цинизмот на Белгија, доколку сакате да се искачите на некое
ниво, тогаш треба да имате одреден цинизам кој ќе ги одлучи натпреварите“ рече
Данецот.
„Тоа е нешто што
во моментов нам ни недостасува, и повеќе од сигурно е дека постојат работи кои
ни недостасуваат, а за кои ние треба да учиме, меѓутоа сметам дека добро се
справуваме со ситуацијава, на вистински пат сме, само потребни ни се
резултатите кои сигурно ќе дојдат“ додаде фудбалерот на Интер.