Поранешниот вардарец Хамбарџумјан ни пресуди, Македонија останува во Лига Ц (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Македонија без најголемиот дел од своите стандардни првотимци не успеа да остане непоразена од Ерменија иако особено во првиот дел бевме подобар противник. Сепак направивме премалку за да дојдеме до поволен резултат, особено бевме лоши по примениот гол.

Првата закана ја имавме преку Трајковски во 18. минута кој убаво шутираше од слободен удар, но голманот Јурченко го одбрани неговиот удар. Шест минути подоцна Трајковски биеше уште еднаш од далечина, но голманот на Ерменија и овој пат беше поуспешен.

Во 25. минута Карпејан имаше убава шанса за Ерменија, но Шишковски го одбрани неговиот удар. Македонскиот голман имаше и уште една одбрана на пет минути пред крајот на првиот дел. На одморот се замина без погодоци.

По десет минути игра во вториот дел Ерменија поведе со гол на поранешниот играч на Вардар, Хамбарџумјан.

Седум минути подоцна повторно се заканивме преку Трајковски кој беше единствениот наш играч кој беше конкретен по голот на Ерменија, но и по трет пат голманот Јурченко му го одбрани ударот.

Во 79. минута, Ховханисјан излезе еден на еден со Дамјан Шишковски, македонскиот голман одбрани и остави надеж за Македонија до крајот на мечот.

Сепак не успеавме до крајот да направиме ниту посериозна шанса за гол и на крајот загубивме.

И следната сезона во Лигата на нации ќе настапуваме во Лига Ц, Ерменија ќе играат во ранг повисок од нас во конкуренција на поквалитетни селекции.

Фото: ФФМ – Игор Паневски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани