Дешам му испрати „порака“ на Солшер: Јас добро го познавам Погба, добро знам што може да стори на теренот

by
1 минути читање

Селекторот на
Франција, Дидје Дешам испрати една порака до шефот на стручниот штаб на
Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер, тврдејќи дека добро го познава Пол Погба,
веројатно и повеќе од Норвежанецот.

Погба е регуларен
стартер во селекцијата на „Триколорите“, но во новата сезона стартуваше само на
еден меч за „Црвените ѓаволи“ во последните четири натпревари, а Солшер ги
преферира МекТоминеј, Фернандеш и Фред во средниот ред.

Само погледнете
што стори тој во Португалија, а воедно и вечерва…
“ рече Дешам по синоќешната
победа над Шведска со 4-2 во Лигата на нации, меч во кој Погба ги одигра сите
90 минути.

Го знам него
многу добро, знам како работи, горд е на себе и меѓудругото има голем талент во
себе, кога на тимот му е потребен и во дефанзивните задачи, тој помага и таму,
способен е за повеќе улоги на теренот, а сигурно дека кога добива можност да се
покаже на теренот, тоа го прави на свој начин, препознатлив…
“ додаде Дешам.

Пол е фудбалер
од светска класа, јас се надевам дека тоа што тој го стори во репрезентацијата
ќе биде корисно за него истото да го пренесе и во клубот
“ додаде селекторот на
Франција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани