Тухел не го меморира бројот на Леонардо за да не ја повтори грешката поради која добил отказ во Дортмунд

by
1 минути читање

Томас Тухел и
Леонардо не се во најдобри односи, често се пишува дека времето на стратегот во
Париз е одбројано и дека „светците“ ќе добијат нов тренер.

Во период кога
има многу шпекулации за иднината на Германецот, Франс Фудбал раскажа интересна
прикзна. Магазинот вели дека Томас Тухел во својот мобилен телефон го нема
меморирано бројот на Леонардо за да не му се повтори грешката поради која добил
отказ во Борусија Дортмунд.

На
клупата на „милионерите“, Томас Тухел исто така имаше недоразбирања со спортскиот
директор Михаел Цорк.

Кога еден ден решил
да му се пожали на својот агент (Олаф Мајнкинг) испратил СМС порака со многу критики
на адреса на Михаел Цорк. Сепак, пораката наместо да биде испратена до Олаф
Мајнкинг, по грешка била испратена до Михаел Цорк, па кога спортскиот директор
на Борусија Дортмунд видел што пишува, веднаш му дал отказ на стратегот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани