235
Милан во недела
гостува на Сан Паоло со многу прашалници околу тоа кој ќе го води тимот.
Тренерот Стефано
Пиоли е позитивен на ковид-19, а денеска беше соопштено дека и неговиот
помошник, Џакомо Мурели е заразен со коронавирус.
Медиумите
шпекулираат дека Даниеле Бонера ќе биде тој што ќе дели инструкции, поранешниот
дефанзивец е дел од техничкиот персонал на „росонерите“.
Некои на шега
велат дека Златан Ибрахимовиќ ќе може да биде тренер-играч, Швеѓанецот е тој
кој командува на теренот и го промени менталитетот на составот по
пристигнувањето во јануари.