95
Претстојниот викенд
на програмата се натпреварите во рамките на 9. коло од англиската Премиерлига,
а од таму потврдија 16 случаи на коронавирус во последната рунда тестирање
помеѓу фудбалерите и стручните штабови.
Во соопштението
од Премиерлигата се вели: “Премиерлигата
денеска може да потврди дека помеѓу понеделник 9. ноември и недела 15. ноември,
вкупно 1,207 фудбалери и членови на стручните штабови беа тестирани за
ковид-19, од кои, 16 беа позитивни, а тие сега се во самоизолација во период од
десет денови”.
Досега
највисоката бројка на позитивни случаи во Премиерлигата во една рунда тестирање
изнесување 10 оваа сезона, а тоа се случи помеѓу 21. и 27. септември.