17-годишниот Педри е вистинско освежување во составот на Барселона оваа сезона, играчот има голем потенцијал и добива се поголема шанса од Роналд Куман, полека завзема место и во стартниот тим.
Педри открива дека како младинец бил на проба во Реал Мадрид, но таму го оцениле како неталентиран.
„Тренирав една недела со Реал Мадрид, но тие ми рекоа дека не сум на потребното ниво, ме однесоа во канцеларија и ми го ркоа тоа“, вели Педри за „Кадена Сер“.
„Тоа дополнително ме мотивираше. Што би им рекол на тие кои ме одбија? Би им се заблагодарил бидејќи сега сум во тимот кој отсекогаш сум го сакал“.
„Од мал секогаш сум навивал за Барселона. Ова е местото каде сакам да бидам“.
„Како и многу други деца и јас сум сонувал да играм со Меси“.