Бугарите ни завидуваат: Погледнете каде играат македонските фудбалери, а каде нашите!

by
1 минути читање

Бугарија синоќа загуби од Финска на свој терен со 2-0 и е пред испаѓање во Лига Ц од Лигата на нации, додека нам ни фали бод за да се пласираме во Лига Б. Дополнително, ние изборивм пласман на Европско првенство, тие нема да бидат таму.

Дел од македонските фудбалери играат во значајни европски клубови како Наполи, Џенова, Удинезе, Леванте, Лидс, Спортинг Лисабон… Бугарите одамна веќе не се атрактивни на пазарот и тоа го боли Лечков.

„Уште пред десетина години реков дека треба да се погледнеме самите себе, да го видиме националното првенство. Погледнете ја Македонија, не ја земам за пример затоа што сега се пласираа на Европско првенство, туку како пример каде играат македонските фудбалери, а каде нашите. Мачно ми е, треба да имаме силна лига, ама и сѐ помалку од младите имаат желба за спорт, за тоа сме виновни ние, трба да се разгледува целата ситуација од повеќе аспекти. Во минатото се радувавме на успеси, а сега сме вратени толку многу назад“, вели Лечков.

Според него, големиот наплив на странци во бугарската лига е една од причините зошто не се развиваат нивни фудбалери. ЦСКА Софија и Лудогорц се во групната фаза од Лига Европа оваа сезона, но репрезентацијата на Бугарија веќе со години игра на очајно ниво.

Фото: ФФМ – Петр Стојановски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани