65
31-годишниот играч на Монако и капитен на црногорската репрезентација, Стеван Јоветиќ сонува за успехот на Горан Пандев, да ја однесе својата земја на големо натпреварување.
„Мило ми е за него и за Македонците. Горан е фантастичен дечко кој со години на брилијантен начин го води својот национален тим а покрај тоа одлично игра и во Серија А. Се надевам дека и мене Бог ќе ме види и ќе го доживеам тоа со Црна Гора“, вели Јоветиќ.
Црна Гора во вторник со победа над Кипар на свој терен ќе го освои првото место во својата група од Лига Ц во Лигата на нации, што ќе им донесе промоција во Лига Б каде што квалитетот на селекциите е значително поголем.