527
Македонија за прв
пат ќе игра на континенталниот собир откако вечерва славеше во финалето од баражот
против Грузија. Херој на „црвено-жолтите“ беше Горан Пандев, капитенот одлично
се снајде по една убава акција во 56. минута и мајсторски ја затресе мрежата на домаќините.
„Сум играл многу
вакги натпревари до сега, ама никогаш не сум бил среќен како денес. Мислам дека
со моеот искуство му помогнав на тимот да ја оствариме историската цел, а тоа е
настап на Европското првенство“ – изјави Горан Пандев по крајот на натпреварот.
Фото: ФФМ – Петр Стојановски