Победата над Грузија носи богата парична награда, најмалку 9,25 милиони евра во касата на ФФМ

by
1 минути читање

Македонија
вечерва испиша историја, со триумф над Грузија во финалето на баражот,
„црвено-жолтите“ обезбедија настап на ЕВРО 2020. Голот на Горан Пандев за прв
пат ќе не однесе на континенталниот собир, но обезбеди и богата парична
награда.

За самиот пласман
на Европското првенство, УЕФА ќе ни додели 9,25 милиони евра.

Оваа сума може да
порасне доколку нашите момци се прикажат во одлично светло во Букурешт и
Амстердам.

Секоја победа
носи 1,5 милиони евра, додека пак за реми следуваат 750.000 евра. Учество во нок-аут
фазата пак носи 2 милиони евра.

Фото: ФФМ – Петр Стојановски

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани