91
На него му е најтешко, Барди кој е еден од клучните играчи на македонската репрезентација, најважниот меч во нашата историја ќе мора да го гледа на ТВ. Тој преку својот инстаграм профил ги бодри соиграчите од репрезентацијата.
„До овде стигнавме затоа што го заслуживме тоа, уште еден чекор пред големиот сон на сите нас! Нема да можам да сум на терен со вас, но ќе навивам до крај и ќе ве подржувам во секоја секунда од натпреварот, подржувајте се еден за друг и ќе го добиеме уште ова. Ајде момци, сите сме со вас браќа“, напиша Барди на својот инстаграм профил.