И Грузијците се на мака, отпадна стрелецот на голот во Скопје и голема желба на Борусија Дортмунд

by
1 минути читање

Хвича
Кварацхелија и Леван Шенгелија отпаѓаат од комбинација за настап против
Македонија во бараж пресметката за пласман на Европското првенство идната
година која се игра утре со почеток од 18 часот.

Веста ја
потврдија и од Фудбалската федерација на Грузија, па така фудбалерот на руски
Рубин Казан, Кварацхелија, односно на турски Коњаспор, Шенгелија нема да можат
да бидат дел од утрешниот меч поради тоа што имаат коронавирус, за што
потврдија тестирањата.

Кварацхелија
инаку го постигна водечкиот гол за Грузија на мечот во Скопје минатиот месец
кој на крајот заврши нерешено откако Алиоски погоди во самата завршница од
пенал. Интернационалецот од Рубин Казан тоа го стори само три минути откако
влезе во игра на мечот каде ги одигра завршните 20 минути, а инаку станува збор
за фудбалер за кого интерес изминатиов период пријавува Борусија Дортмунд.

Што се однесува
пак до Шенгелија, тој мечот во Скопје го преседе на клупата за резервни
фудбалери, а не е стандарден ниту пак во составот на Коњаспор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани