Сериозен удар за Македонија, без Барди, Ристевски и Велкоски против Грузија

by
1 минути читање

Енис Барди е еден од главните играчи на репрезентацијата на Македонија и неговото отсуство ќе биде сериозен недостаток во тимот. Тој се пожалил на болки во рбетот по вчерашниот тренинг. Од ФФМ соопштуваат дека станува збор за повреда, интервертербтален дискус со мускулен спазам, поради што нема да патува во Грузија.

Барди се враќа во Валенсија, каде ќе биде подложен на дополнителни прегледи и ќе ја почне рехабилитацијата.

Во Тбилиси нема да патуваат и дефанзивецот Кире Ристевски и напаѓачот Крсте Велкоски кои се позитивни на ковид-19 на второто тестирање.

Крајно неизвесен е настапот на Аријан Адеми, на негово место беше повикан Тотре. Капитенот на Динамо Загреб ќе патува во Грузија, се шпекулира дека со инекции против болки ќе се обиде да им помогне на соиграчите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани