Голманот на Силекс, Даниел Божиновски веднаш по пристигнувањето во Скопје бил подложен на тестирање. Од ФФМ информираат дека неговиот тест бил позитивен и без да има контакт со останатите лица од репрезентацијата го напуштил хотелот.
„За жал, позитивен сум на коронавирус и ќе мора да поминам одреден период во карантин. Немам симптоми, но принуден сум да бидам изолиран од соиграчите во следниот период. На репрезентативните колеги им посакувам многу среќа и успех во намерата да се избориме за пласман на Европско првенство. Јас ќе бидам еден од најголемите поддржувачи, изјави Даниел Божиновски за официјалниот сајт на ФФМ.
Селекторот Ангеловски нема да повика друг голман за мечот со Грузија, но останува можноста тоа да го направи за дуелите против Естонија и Ерменија.
Фото: ФФМ