Хаос во Италија со протоколот за ковид-19, Пандев има зaбрана за напуштање на земјата?!

by
2 минути читање

Хаос во Италија
со протоколот за ковид-19, медиумите пишуваат дека Фиорентина, Џенова, Лацио,
Рома, Сасуоло и Интер добиле наредба од локалните здравствени власти (АСЛ) да
не им дозволат на своите играчи да заминат на должност со репрезентацијата.

Според протолот,
кога во некој клуб ќе има позитивен случај на коронавирус, сите останати одат
во „меур“ во тренинг комплексот и не можат да го напуштат додека не добијат два
негативни теста.

Сепак од таборот
на Интер велат дека тие не добиле никакво известување од локалните здравствени власти и додаваат
дека ако се точни пишувањата на медиумите, тогаш се креира нефер ситуација со
оглед на тоа дека различни локални здравестви власти даваат различни насоки.

„Ситуацијата креира
непреведност, па барам од Министерот за спорт, Спадафора да интервенира. Со
ваков потег се става под знак прашалник регуларноста на неколку натпреварувања.
Апсурдно е АСЛ од различни региони да носат различни одлуки, едни да бидат
правилата во Рим, други во Милано, трети во Фиренца“
– вели директорот на Интер, Бепе Марота.

„Да, има протоколи
но има и сива зона која настанува поради тоа што одлуките не доаѓаат од една
централна организација“.

Од целиот хаос е
погодена и Македонија, Горан Пандев не би можел да се појави за најважниот меч
и дуелот со Грузија за историски пласман на Европско првенство.

Сепак, според
пишувањата на Скај, Џенова не е на листата и Горан Пандев ќе може да
замине од Италија и утре да пристигне во Македонија. Наводно забрани има за сите фудбалери на Фиорентина, Рома и Лацио, додека пак играчите на Сасуоло во
вторник ќе можат да излезат од „меурот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани