Хари Кејн му
донесе минимален триумф на Тотнем од гостувањето кај ВБА, а капитенот на Спарси
со тоа дојде до 150. гол во Премиерлигата, со таа победа составот на Жозе
Мурињо за кратко се искачи на лидерското место кое Лестер со минималниот триумф
над Вулверхемптон веднаш го презеде.
Како и да е, Жозе
Мурињо е во целост свесен за тоа колку е тешко да се освои Премиерлигата по
денешната тешко извојувана победа против аутсајдерот, па вели дека неговиот тим
би бил шампион во било кое првенство во Европа со ваков квалитет, меѓутоа тоа
воопшто не е лесно во Премиерлигата.
„Кога тимот е
шампион, или игра за титулата, тогаш секогаш постои директна релација со вашиот
директен опонент, би рекол дека овој тим би можел да биде шампион во повеќе
европски земји“ рече Мурињо по мечот.
„Но, во
Премиерлигата е исклучително тешко да го остварите тоа, бидејќи во ова
првенство можете да имате одлична сезона, многу поени, но, на крајот: Ливерпул, Манчестер Сити, Челси, Манчестер
јунајтед, Лестер, Арсенал… Така, можете да имате одлична сезона но да не
бидете шампион на крајот“ додаде Португалецот.