Наполи нема да го пушти Елмас за мечот против Грузија?

by
1 минути читање

Италијанските медиуми пишуваат дека претседателите на Наполи и Јувентус, Аурелио Де Лаурентис и Андреа Ањели сакаат да ги бојкотираат националните натпреварувања и да не ги пуштат своите фудбалери за престојните мечеви.

Според „Кориере дело Спорт“, Наполи и Јувентус сакаат да го следат примерот на Вердер од Бундеслигата кој претходно не дозволи пет фудбалери да играат за своите национални тимови.

Доколку ги остварат своите намери, тоа ќе биде голем хендикеп за Македонија, Игор Ангеловски нема да може да смета на Елиф Елмас за мечот со Грузија кој има историско значење за нашата репрезентација.

Сепак мали се шансите за такво нешто, УЕФА нема да дозволи почеток на еден таков тренд во кој клубовите би забранувале на своите фудбалери да играат за националните тимови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани