Мурињо си најде нова рчка, не му се допаѓа тоа што Бејл ќе работи пов водство на тренер на Арсенал

by
1 минути читање

Рајан Гигс оваа
недела беше притворен под сомнеж дека физички ја нападнал својата девојка, легендата
на Манчестер јунајтед ги негираше обвинувањата, но и покрај тоа реши привремено
да се повлече од кормилото на Велс.

На следните три
натпревари на селекторското столче ќе седи Роберт Пејџ а ќе му помага Алберт
Стивенберг, кој исто така е дел од стручниот штаб на Микел Артета во Арсенал.

Па на Жозе Мурињо
не му се допаѓа
тоа што Герет Бејл ќе работи под водство на тренер од лутиот градски ривал, и стравува
дека напаѓачот може да се врати повреден.

„Националните
тимови треба да имаат тренери кои работат само за нив, а не тренери кои работат
во други клубови. Искрено, не сум комфорен поради тоа што еден од тренерите на
Велс е тренер и на Арсенал“
– вели предводникот на Тотнем.

„Очекувам тој да
игра, но доколку тие се грижат колку што се грижиме ние, ќе треба добро да го
менаџираат опоравувањето, колку денови ќе има од еден до друг натпревар, каква
минутажа ќе добие, да не се замори премногу. Се работи за играч кој имаше многу
проблеми во минатото, па многу внимаваме со него. Важно е да не се упропасти
добратата работа што ја завршивме во изминатите два месеци“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани