Клучен меч за Солшер може да биде гостувањето кај Евертон на Гудисон Парк, некои веруваат дека пораз на овој натпревар може да значи и отказ за Оле.
Но Солшер е полн со самодоверба и покрај неуспешниот старт на новата сезона.
„Доколку не верувам во себе, во моите вредности, во квалитетите на мојот стручен штаб и во квалитетите на моите играчи, кој треба да верува?“, вели Солшер.
„Сметам дека со успех го водам клубот. Не сметам дека еден-два негативни резултати значи рушење на целата работа како кула од карти“.
„Не помина долго од победите против Лајпциг и ПСЖ кога сите зборуваа убави работи за нас. Во фудбалот има подеми и падови, треба да верувате во себе и да верувате во фудбалерите“.
„Откако се вративме момците се многу фокусирани и подготвени се да го дадат одговорот. Не е потребно да бидете среќни за да останете позитивни. Имате тешки денови во животот, но знаете дека добрите доаѓаат“.
„Отсекогаш сум имам многу добар, искрен и позитивен дијалог со клубот. Тие покажаа силно лидерство и комуникацијата е присутна откако сум дојден“.
„Се разбира, секогаш има притисок бидејќи очекувањата се големи, тука созреав и станав човек на Манчестер јунајтед, знам како е. Научив да се справувам и во добри и во лоши периоди. Кога победувате сте најдобар, кога губите сте лош“.