116
Македонија на 12. ноември во Тбилиси против Грузија ќе го одигра најважниот натпревар во историјата, меч кој ако го победиме ќе не однесе на Европското првенство.
По тој натпревар играме уште два од новата сезона во Лигата на нации, дуели против Естонија (15 ноември) и Ерменија (18 ноември).
Англовски денеска го објави списокот на фудбалери за овие натпревари. Засега сите се во позиција да пристигнат на репрезентативната должност.
Димитриевски поради црвениот картон од минатиот меч, ќе може да брани само на дуелот против Грузија, но ќе нема право на настап на мечевите со Естонија и Ерменија.