Добредојдовте во
новата анализа од едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ како помошна алатка за
сите наши натпреварувачи на мега популарната платформа, пред нас се
возбудувањата во осмото коло, а имаме одличен избор за истото.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Како што е редот,
најпрво ќе направиме еден краток рекапитулар на настаните од претходното коло,
таму ќе го издвоиме клин-шитот на Чилвел во победата на Челси кај Барнли, голот
на Салах во победата на Ливерпул над Вест Хем, погодокот на Вернер, голот на
Кејн во триумфот на Тотнем против Брајтон, како и одличниот Адамс кој запиша
асистенција во победата на Саутемптон кај Астон Вила, а сигурно напаѓачот кој
има само 3.1% од натпреварувачите зад себе можеше повеќе на таа пресметка.
Претходната анализа: Голема дилема околу капитентската лента
Како и да е,
разочарувањето е секако првично со фактот што Тотнем не обезбеди клин шит во
дуелот со Брајтон, а тука го наведовме Доерти, а Стерлинг кој не е баш евтина
опција не успеа ништо посебно да стори на гостувањето кај Шефилд Јунајтед во
минималната победа на Манчестер Сити. Манчестер јунајтед продолжи со очајната
форма, а во истата се придодаде и Рашфорд, па на крајот составот кој го
предложивме дојде до учинок од 43 освоени бода во коло каде просекот изнесуваше
53 бода, со што ќе наведеме дека одлуката за капитентската лента ја оставивме
вам.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Новата сезона во
Премиерлигата е навистина доста неизвесна, постојано проследена низ
изненадувачки резултати кои сигурно им создаваат главоболки на
натпреварувачите, а дека е така потврдува и самиот факт што Зума, стоперот на
Челси е најкупуван, барем до овие моменти фудбалер за осмото коло со близу 500
илјади нови натпреварувачи зад своето име.
По стоперот на
Челси, следат неговиот соиграч Зијеш, па Жота од Ливерпул кој игра во
неверојатна форма, а водечката петорка на оваа листа ја комплетираат Ворд-Праус
од Саутемптон, односно Грилиш од Астон Вила.
Во однос на
листата на најпродавани фудбалери, натпреварувачите најмногу се ослободуваат од
Ингс од Саутемптон, откако стана јасно дека напаѓачот поради повреда ќе
отсуствува до шест седмици. По него следи бекот на Лестер, Кастањ кој ќе се
врати по интернационалната пауза, а ќе паузира поради повреда. Понатаму, следат
Родригез од Евертон, кој иако свеж влегува во дербито со Манчестер јунајтед а
беше поштеден минатото коло, па индиспонираниот Александер-Арнолд од Ливерпул,
односно Саис од Вулверхемптон.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Со оглед на
ротацијата која ја препорачавме уште пред самиот старт на новата сезона, барем
кога станува збор за голманската позиција, како што веќе знаете тука ги наведовме
Алекс МекКартни од Саутемптон, односно Метју Рајан од Брајтон, а за ова коло ќе
го препорачаме токму Рајан (4.5) кој со својот тим на домашен терен го
пречекува составот на Барнли, екипа која на шест меча постигна само три гола,
па ова е добра можност за клин шит на контото на Рајан.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Бен Чилвел (5.9)
минатото коло во убедливата победа кај Барнли со 0-3 го запиша третиот клин шит
во дресот на Челси, па очекуваме да продолжи во посакуваната серија и ова коло,
ако се земе во предвид дека пред себе ќе ги има за противници фудбалерите на
Шефилд Јунајтед кои никако не можат да се пронајдат себе си во новата сезона.
Арон Кресвел (5.1)
е означен како неизвесен за Вест Хем во мечот со Фулам, меѓутоа, од
информациите кои ги објавија медиуми блиски на клубот, од таму тврдат дека
бекот ќе биде и повеќе од подготвен за таа пресметка. Кресвел е одлична опција
за осмото коло, а досега на седум меча успеа да запиша три асистенции, како и
два клин шита.
Ектор Бељерин (5.1)
е фудбалерот кој игра во одлична форма во составот на Арсенал, а дека е така
потврди и учинокот на шпанскиот бек од претходното коло во дербито со Манчестер
јунајтед каде „Топчиите“ обезбедија минимален триумф, а пеналот кој во гол го
претвори Обамејанг дојде по заслуга токму на Бељерин кој одличните перформанси
ги заокружи со 12 бода.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
И покрај
разочарувачкиот настап против Брајтон на домашен терен, не би смееле во никој
случај да започнеме со селектирањето фудбалери во среден ред без Сон (9.6), кој
сега со својот Тотнем го очекува гостување кај ВБА, противник по мерка, би
рекле многумина. Кореецот игра во животна форма, меѓутоа откако навикнавме на
голови и асистенции од него, викендов тој ќе има можност да го поправи учинокот
од претходното коло, а сигурно е еден доста сериозен кандидат за капитентската
лента.
Евертон не игра
во посакуваната форма и тоа е факт, „Карамелите“ запишаа два порази во низа, и
тоа од Саутемптон, односно Њукасл, но на клупата имаат тренер (Карло Анчелоти)
и повеќе од способен да ја реши таа резултатска криза, тоа Евертон може да го
стори викендов со помошта на Хамес Родригез (7.9) кој беше поштеден минатото
коло и целосно одморен ќе влезе во мечот со Манчестер јунајтед. Со оглед на големата
криза кај тимот на Оле Гунар Солшер, Колумбиецот може да стави сол на раната на
„Црвените ѓаволи“ кои дефинитивно имаат големи проблеми во играта.
Вилфред Заха (7.4)
веќе запиша пет погодоци зад своето име во настапите за Кристал Палас во новата
сезона, а својата форма сигурно ќе може да ја засили уште во дуелот со Лидс на
домашен терен. Инаку фудбалерот на Кристал Палас во моментов е на четвртото
место на табелата по бодови во однос на фудбалерите од средниот ред генерално.
Еден од
најкупуваните фудбалери за ова коло е Џејмс Ворд-Праус (5.9), фудбалерот на
Саутемптон кој беше играч на претходното коло откако запиша два гола, а притоа
реализираше и една асистенција во победата од 3-4 кај Астон Вила. Вечерва
Саутемптон на свој терен го пречекува незгодниот Њукасл, а изведувачот на
прекините кај домаќините ќе има нова можност да ги покаже своите квалитети од
тие прекини.
Фаворитот од
сенка, односно фудбалер кој може да ја направи разликата е Пабло Форналс (6.4)
од Вест Хем со само 1.6% од натпреварувачи зад себе генерално. Форналс досега
запиша два гола и три асистенции, а против Фулам сигурно ќе биде најголема
опасност кај домаќинот.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Џејми Варди (10)
веќе постигна седум гола во досегашните шест одиграни меча во новата сезона,
еден меч не беше во комбинација и тоа доволно говори дека првата ѕвезда на
Лестер игра на своето посакувано ниво, а тоа постојано носи бодови за 20% од
натпреварувачите кои го имаат селектирано во своите редови. Викендов Лестер на
домашен терен го пречекува Вулверхемптон во мини-дербито на колото.
Инаку Варди погоди на последните два меча, а сигурно ќе атакува на „хет-трик“ во низа од погодоци.
Беше потребно
време за адаптација на Тимо Вернер (9.4) во дресот на Челси, а чекањето се
исплатеше, барем така делува, во последните три меча Германецот постигна три
погодоци и една асистенција, а одличен учинок имаше и во Лигата на шампионите
овие две седмици, па големи се очекувањата да продолжи со серијата и викендов
на дуелот со Шефилд Јунајтед на домашен терен. Кога сме кај германскиот напаѓач, ќе додадеме дека веќе му е доверена улогата на прв пеналџија во Челси.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Предлог-состав:
Рајан (4.5); Чилвел (5.9), Кресвел (5.1), Бељерин (5.1);
Сон (9.6), Родригез (7.9), Заха (7.4),
Ворд-Праус (5.9), Форналс (6.4); Варди (10), Вернер (9.4)
Капитен: Сон
Заменик капитен:
Вернер
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
За крај, ќе
завршиме со актуелната ситуација на табелите во генералната лига на Македонија,
односно лигата на „24фудбал“.
Во генералниот
пласман каде на едно место се сите натпреварувачи од нашата земја, прв на
табелата е Мики Попоски со досега освоени 539 бода, имате можност да се
запознаете со неговиот избор.
Што се однесува
пак до случувањата во лигата на „24фудбал“, таму прв на табелата е Живко Тасев
со досега освоени 490 бода, имате можност да го проследите и неговиот избор.
Среќно до сите
натпреварувачи во осмото коло од Премиерлигата, не заборавајте да се приклучите
на лигата на „24фудбал“, кодот е следен: unckad