Наполи со пресврт со 2-1 ја победи Ријека. Хрватскиот тим беше подобар барем во првиот половина час, но на крајот Наполитанците успеаа да го добијат мечот.
Гатузо е лут на приодот на неговите фудбалери, особено на стартот од мечот и покрај тоа што знаеле како ќе игра Ријека.
„Ќе ми пукне кривен сад од вакви денови! Не е доволно добро. Бевме добро подготвени за овој натпревари, тимот знаеше со каква екипа се соочуваме и затоа сум лут“, вели Гатузо.
„Јасно е дека е моја вина што не успеав да го ставам тоа во главите на моите фудбалери и што не беа фокусирани 90 минути“.
„Знаев дека тие ќе играат затворено и ќе напаѓаат од контри, но и покрај тоа делувавме како изненадени во првите 30-35 минути“.
„Можеби мислевме дека тука доаѓаме на прошетка, бев навистина лут на полувремето. После паузата беше подобро, но не можеме да си дозволиме таков однос на теренот како што беше на стартот. Не можеме да си дозволиме“.
„Во првите 30-35 минути не освоивме ниту една топка, бевме изненадени од нивните контра напади и покрај фактот што тие секогаш играат така“.
„Успеавме да го свртиме мечот, но ако немавме среќа ќе беше навистина тешко“.